Охрид мора да најде начин да го задржи статусот Град на УНЕСКО
Неопходно е да се формира стручен и независен тим кој нема да биде под влијание на одредени политички структури за да се сочува природното и културното наследство на Охрид сугерираат домашните експерти.
Архитектот Зарчев вели дека дивоградбите се кривично дело за кое се лежи во затвор меѓутоа за жал кај нас законите не се спроведуваат а урбанистичката инспекција воопшто не функционира .
Зарчев вели дека тешко ќе се решава прашањето со дивоградбите кое во континуитет се провлекува години наназад тој не верува дека ќе се врати стaриот лик на градското јадро и архитектурата .
Талески од граѓанската иницијатива Охрид СОС смета дека од одлуката на централанта и локалната власт за рушење на дивоградбите ќе зависи дали ќе бидеме во УНЕСКО или не.
Општината изработи Регистар на дивоградби . 409 се лоцирани во заштитниот појас за кои е констатирано прекршување на законот за градење. Но, по нив нема да се постапува веднаш, туку откако секој предмет ќе биде разгледан поединечно. Инаку денеска и утре на 43-тата сесија на Комитетот на УНЕСКО што се одржува во Баку, ќе се одлучува дали Охрид ќе се најде на листата на загрозени подрачја.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар