Бизнис
13. November 2016 - 16:23

Охрид и Солун во заедничка акција за привлекување туристи

Охрид со регионален пристап на европските и светските туристички пазари. Богатото културно историско наследство на градот овој месец ќе се промовира заедно со Белград ,Пловдив,и Солун се со една идеја привлекување што поголем број на туристи кои ќе го посетуваат охридското крајбрежје во текот на целата година.

Хрватската европратеничка Петир истакна дека Македонија ќе се промовира и во Брисел на еден позитивен начин поздравувајќи ја  одлуката за намалување на ДДВ то на услугите во туризмот од 15 на 5 проценти што е од особена важност за угостителскиот сектор.

Туристичките работници сметаат дека Охрид ги прифаќа позитивните искуства во турзмот и има можност да се поврзува и со други познати туристички центри од регионот со оглед на тоа што градот има што да има понуди на гостите.