Македонија
8. December 2022 - 12:27

Охрид го чествува Св. Климент Охридски

Охрид го слави заштитникот на градот Свети Климент Охридски. Со бројни настани и активности се одбележува патронот 8 Декември. На свечената академија градоначалникот Пецаков посочи дека Македонија и Македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов.

Архимандрит Нектариј, Свети Климентовата награда ја доби за долгогодишните остварувања и врвни достигнувања за време на неговиот повеќе-децениски јеромонашки чин во манастирот „Свети Наум Охридски“ а беа врачени и четири повелби на Летка Филипова, Димче Каневче и здруженијата за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа“ и за мултиркултурна интеграција „Инклузија“.

Во рамките на свеченоста посветена на Свети Климент Охридски беше промовирано и капиталното дело Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски со порака дека треба да ја чуваме нашата историја бидејќи таа е нашето битие и темел на нашата иднина и иднината на новите генeрации.