Охрид го чествува патрониот празник „Свети Климент Охридски“
Со концерт на учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ и свечена приредба на ОУ „Свети Климент Охридски“ синоќа почнаа свеченостите по повод патрониот празник на Охрид – „Св. Климент Охридски“, заштитникот на градот.
Чествувањата продолжуваат денеска на пладне со свечености во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Вечерва од 19 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде прикажан играниот филм „Дедо и внук“ во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски.
За утревечер е закажана Свечената академија по повод празникот, на која ќе бидат доделени наградата и повелбите „Св. Климент Охридски – Патрон на градот“.
Воедно патрониот празник ќе го одбележи и охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.
Свеченостите по повод патрониот празник ќе бидат заокружени задутре со поклонение пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот на Плаошник, а ќе биде положено и цвеќе пред споменици на Градскиот плоштад и пред основното училиште што го носи неговото име
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата