Loading Video...
Фудбал
11. December 2018 - 15:15

Охрид домаќин на фудбалскиот камп на Реал Мадрид

  
Над 100-тина деца од Македонија на кон средината на јануари во Охрид ќе бидат дел од вториот меѓународен камп, на светскиот фудбалски гигант Реал Мадрид. 
 
Продолжува успешната приказна на Фудбалскиот камп на Реал Мадрид Фондацијата во Македонија. Од 14 до 18 Јануари, на брегот на живописното Охридско езеро,ќе се реализира  вториот камп ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кој ќе се едуцираат 100-тина фудбалери на возраст од 7-17 години. 
 
Специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење а воедно ќе ги научат и за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух,толеранцијата и здравиот начин на живот.
 
Кампот ќе придонесе и за туристичка промоција на Охрид. Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба.