Македонија
30. September 2017 - 12:56

Ограбено момче во Скопје

Во 02 часот и 40 минути во Скопје улицата „Кемал Сејфула“, три непознати лица извршиле разбојништво над 18-годишниот М.В. од Скопје, при што му одзеле чанта во која имало 120 евра, 800 денари и патна исправа.

Имено, додека истиот се движел пеш по улицата, бил пресретнат од лицата, кои најпрвин му се обратиле, а потоа едниот од нив физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата, додека друго лице му ја зело чантата и се дале во бегство.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.