Македонија
20. January 2016 - 13:08

Ограбено казиното „Сенатор“ во Скопје

Во Скопје синоќа околу 23.30 часот е ограбено казиното „Сенатор“ лоцирано на бул. „Партизански Одреди“.

МВР денеска соопшти дека непознат сторител во казиното „Сенатор“ вооружен со пиштол, извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 150.000 денари, а потоа го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.