Македонија
28. May 2017 - 14:01

Ограбено казиното „Сенатор“ во Скопје

Непознат сторител вчера околу 9 часот го ограбил казиното „Сенатор“, лоцирано на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје.

Како што информира МВР, непознатото лице со закана со пиштол го одзело дневниот промет по што го напуштило местото на настанот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.