Македонија
6. October 2017 - 13:47

Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Вчера во 22,05 часот било пријавено дека на ул.„Дрезденска“ во Скопје во спортска обложувалница две непознати лица со закана со оружје извршиле разбојништво, односно од вработениот го одзеле дневниот промет.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.