Македонија
13. December 2015 - 14:13

Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Во саботата околу 21.25 часот во Скопје на ул.„Ратко Митровиќ“ во спортската обложувалница “Вил Хил“, засега непознато маскирано лице, со закана со пиштол од вработениот во обложувалницата одзел над 49.000 денари, по што избегал во непознат правец. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицето.