Македонија
18. May 2017 - 14:11

Ограбена „Спорт Лајф“, разбојниците побегнале со ситен плен

Вчера во 22,00 часот во Скопје на ул.„Спиро Црне“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, две непознати маскирани лица вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво над вработениот и притоа одзеле 4.000 денари по што го
 напуштиле местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.