Македонија
1. May 2019 - 21:44

Ограбена скопската зоолошка градина

Скопската зоолошка градина ноќеска била ограбена. Крадците влегле од службениот влез и украле алат и други предмети – објави Нова Македонија.

Од зоолошка потврдија дека имале грабеж. Пријавиле во полиција и нивна екипа излегла на увид. Очекуваат со увидот да се утврди точната штета.

Зоолошката градина за време на празниците работеше со полно работно време.