Македонија
3. December 2016 - 12:53

Ограбена пошта во Скопје, само разбојникот знае колку пари украл

Вчера во 10.40 часот во Скопје на ул. „Тале Христов“, во Пошта „Север“ непознат маскиран и вооружен сторител извршил разбојништво над вработената.
 
Притоа, сторителот одзел неутврдена сума на пари.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.