Македонија
10. April 2016 - 12:10

Ограбена македонска фабрика

Дваесет и четиригодишниот гевгеличанец В.С. заработи кривична пријава за кражба на компјутери од фабриката „ВОРИ“ ДООЕЛ Гевгелија.

- НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.С. (24) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот на 25-ти март годинава во период од 04:15 до 04:30 часот во фабриката „ВОРИ“ ДООЕЛ Гевгелија влегол преку незаклучената врата и одзел два компјутери, соопшти МВР