Македонија
21. February 2016 - 15:34

Ограбена куќа во Гостивар, крадецот побегнал со богат плен

Непознат сторител украл 700 долари, 7.000 денари и две дрвени кутии со златен и сребрен накит од куќа во Гостивар, сопственост на Н.А..

Кражбата се случила вчера попладне меѓу 14 и 15 часот откако разбојникот насилно влегол во куќата, откорнувајќи ја мрежата од прозорот на купатилото кој бил отворен. По пребарувањето, ги одзел парите и накитот и побегнал.

Со кражбата сторителот противправно стекнал околу 6.000 евра.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.