Македонија
31. August 2016 - 12:31

Ограбена бензинска во Куманово

Две непознати маскирани лица од кои едното вооружено со пиштол, изутринава во 4:10 часот, извршиле разбојништво врз вработен на бензинската пумпа на „Макпетрол“ во близина на наплатната рампа кај Романовце, соопшти денеска МВР.

Разбојниците му се заканиле на вработениот со употреба на сила, го врзале со лисици и го одзеле дневниот промет во висина од 53.530 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.