Македонија
23. јуни 2018 - 13:10

Ограбена бензинска пумпа во Скопје

- Вработен на бензинска пумпа на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје пријавил дека било извршено разбојништво и оти им биле одземени чантите со дневниот промет.  

Полицијата соопшти дека на рано изутринава во 4:10 часот во Скопје, на ул.„Кемал Сејфула“ , В. Л. (38) од Скопје, вработен на бензинската пумпа, пријавил дека додека бил на работа заедно со својот колега С.Т. (48) од страна на две непознати лица со пиштоли им било извршено разбојништво  при што им биле одземени чантите со дневниот промет.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.