Македонија
29. January 2018 - 10:18

Ограбена бензинска пумпа во Скопје

Две маскирани лица околу 03:40 часот извршиле разбојништво во бензинска пумпа на ул. Александар Урдаревски во Скопје, при што одзеле околу 100 евра и заминале во непознат правец.

МВР информира дека случајот во полиција во 04:10 часот го пријавил А.А. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.