Македонија
23. May 2017 - 13:52

Ограбена бензинска пумпа

Вчера околу 02.40 часот во с.Мешеишта, охридско, двајца непознати маскирани сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа. Сторителите со пиштол се заканиле на вработениот и од касата одзеле  3. 000 денари.  После тоа со пластични стеги го врзале вработениот, му го одзеле мобилниот телефон и избегале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.