Македонија
10. May 2017 - 14:39

Ограбена аптека во Буњаковец

Вчера околу 22:30 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека во аптека во Трговскиот центар Буњаковец непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со нож над вработената одзел околу 1.500 денари, апчиња и службен мобилен телефон, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.