Македонија
12. December 2017 - 13:35

Ограбена аптека на „Партизанска“

Вчера околу 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, В.Ѓ.  пријавила дека во аптека на бул. „Партизански одреди“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со физичка сила одзел 3.000 евра од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.