Македонија
31. July 2015 - 13:14

Ограбен пензионер - Го "олесниле" за 2 милиони денари

 
Во Полициска станица вчера било пријавено дека во периодот од 29.07. до 30.07. во селото Мородвис-кочанско, засега непознат сторител со насилно отворање на прозор извршил тешка кражба во куќа сопственост на 74-годишниот Н.С. при што одзел 400.000 денари, 28.000 швајцарски франци, околу 1.000 евра и 73 златни француски монети по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.260.000 денари.
 
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.