Македонија
6. August 2017 - 13:02

Ограбен маркет во Скопје

На 05.08.2017 година во 21,33 часот во Единицата за информирање и команда-Скопје, од страна на вработен во обезбедување било пријавено дека на ул.„Вич“ во „Тинекс маркет“, две засега непознати маскирани лица, со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработените, одземајќи го дневниот промет и се упатиле во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.