Балкан
15. October 2018 - 22:54

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижности, се појави понуда од 20-тина реда, која поради својата иронија за кусо време стана хит на социјалните мрежи.

Имено, извесен Никола, изреволтиран од лошата понуда од куќи и станови под наем и превисоките цени, во својата објава нуди кутија кибрит.

- Сите ние сонуваме да издаваме секакви г**нарии за цена од 200 евра и да се збогатиме... Молам, само сериозни понуди... Договор никаков не е можен - или земи што ти се нуди или спиј на улица, вели Никола во својот оглас.

Претходно, тој истакнува дека кутичето не е употребено ниеднаш, а го издава исклучиво на непушачи (за да не му ја потрошат), на двојки без деца (освен ако не се ослободат од нив), на студентки кои минуваат подолго време на факултет...

- Миленичиња се дозволени, сите освен смрдливки..., се вели во огласот натаму.