Loading Video...
Спорт плус
9. March 2019 - 16:40

Официјално Шифрин најдобра во слалом

 
 
 
Микаела Шифрин и официјално потврди дека во моментов е најдобра скијачка кога во прашање е најтехничката дисциплина слаломот. 
 
Американката, беше брилијантна на денешната последна трка во слалом во рамките на Светскиот куп. Таа зад себе ги остави Швајцарката, Венди Холденер за 85.стотинки, односно нејзината најголема конкурентка годинава Петра Влхова од Словачка.
 
Покрај освојувањето на малиот кристален глобус за најдобрата во слалом, Шифрин ја оствари и 15-тата победа сезонава со што влезе во историјата на алпското скијање. Претходно рекорд беше во сопственост на Врени Шнајдер од Швајцарија која во сезоната 1988/1989 оствари 14 победи во Светскиот куп 
 
До крајот на сезоната остануваат уште трки (13 - 17 март во Андора), кои нема да донесат никакви промени што се однесува до Севкупниот генерален поредок во кој  Шифрин е убедливо прва со 1.954 поени, а Влхова има 1.235 бодови.