Македонија
12. February 2017 - 16:37

Официјално пријавени 13 случаи на злоупотреба на малолетници на интернет во 2016-та

13-мина малолетници лани биле жртви на злоупотреба преку интернет.

Ова се официјалните бројки на дирекцијата за заштита на личните податоци по однос на пристигнати барања за злоупотреба на деца во 2016-та кои по барање на Сител, Диркецијата ги испрати до телевизијата..

Според писмениот извештај, најголем дел од пријавите се однесувале за лажно креирани профили на социјалните мрежи на кои се објавени лични податоци на малолетници.. Во еден случај се објавени и фотографии со недолични коментари..

По направените проверки, лажните профили се избришани.. Од дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека пријавите за злоупотреба на децата пристигнале од нивните родители.. Според познавачите на оваа проблематика, токму недостигот од родителска контрола врз уредите кои имаат пристап до интернет придонесува да се загрози приватноста на децата..

Инаку неделава се одбележа денот на побезбеден интернет.. Анализата на Европската мрежа на центри за безбеден интернет покажува дека развојот на технологијата ја зголемува и опасноста од ризици.. Најчесто жртви на сајбер-криминалците се децата.. Според анализата, Тие недоволно се информирани за ризиците но не знаат ниту како да ги препознаат потенцијалните злоупотреби..