-->
-->
ОФИЦИЈАЛНО: Игор Ангеловски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија
-->
Игор Ангеловски, актуелниот тренер на Работнички и помошник тренер во досегашниот стручен штаб на Љубинко Друловиќ е нов предводник на А репрезентацијата на Македонија. Ангеловски ќе ја води македонската репрезентација на следните два контролни натпревари, на 12. и 17. ноември, а своето деби на клупата на националната селекција ќе го има против Црна Гора на 12. ноември во Скопје.
-Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можеме да ветиме многу работа. Не стравувам од предизвикот и не се плашам да ја превземам одговорноста иако резултатите од последниот квалификациски циклус и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог. Сметам дека тоа не е одраз на реалниот квалитет на фудбалерите и ќе направиме се што е во наша можност да го поправиме впечатокот. Имаме фудбалери со силен карактер и заеднички треба да направиме тим во функција на резултатот. Многу добро знам што значи репрезентацијата за сите нас, не само во фудбалот и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот се со цел да оствариме подобри резултати, изјави Игор Ангеловски откако официјално доби доверба да ја предводи репрезентацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок