Одржани 20 инфо денови за мерките од ИПАРД 2014-2020
Заврши втората сесија во рамки на кампањата за публицитет на ИПАРД програмата 2014-2020 со 20. инфо дена што се одржа во Кратово.
Претставници од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираа заинтересираните за сите детали поврзани со ИПАРД 2014-2020, посебно за мерка 3 „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“ и мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Во спроведените инфо денови на 20 различни локации најголемиот фокус беше на мерка 7 за којашто е отворен повикот и трае до 18. месецов. Финансиската поддршка се состои од 75 проценти средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020, а 25 проценти од Буџетот на државата. Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365 денари.
Во текот на овој месец се очекува објава на нов повик.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд