Балкан
22. March 2019 - 14:24

Одрон во рудник кај Сребреница, затрупани двајца рудари

Во рудник на подрачјето на општина Сребреница, дојде до одрон во кој двајца рудари останаа затрупани.

Ова било пријавено во полициската станица Сребреница околу 11.20 часот, а судбината на рударите засега не е позната, пишува „Независне новине“.

Во тек е спасувачка акција.