Тенис
7. November 2016 - 20:17

Одредени групите за Мастерсот во Лондон

Во Лондон попладнево беа одредени групите за завршниот Мастерс што ќе се игра од 13 до 20.ноември. Во групата „Џон Мекинро“ се наоѓа најдобриот светски тенисер од денеска Енди Мареј, а покрај него се уште: Стан Вавринка, Кеи Нишикори и Марин Чилиќ.
Во групата „Иван Лендл“ се наоѓаат: Новак Ѓоковиќ, Милош Раониќ, Гаел Монфис и Доминик Тием.
Во групите ќе се игра по принципот секој со секого, а двајцата првоплсирани од групата ќе играат во полуфиналето.
Последните четири години на овој турнир победува Новак Ѓоковиќ, кој доколку успее да ја одбрани титулата без да загуби меч повторно ќе се врати на позицијата број 1 на АТП листата.