Одобрено задолжување од 70 милиони евра за трамвај на тркала
На вчерашната 21 седница Владата го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.
Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток – центар – запад“ и „југ – центар- север“, намалување на времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот, се вели во владиното соопштение.
Станува збор за проект вреден 70 милиони евра со кој во Скопје ќе се воведува брз автобуски систем или т. н. трамвај на тркала. Предлог-законот за задолжување сега треба да помине во Собранието, по што ќе биде потпишан договорот на заем. Истовремено, се изработува идејниот проект за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
