Македонија
17. October 2019 - 16:54

Одлуки за „Рекет“ од понеделник

Обвинението за „Рекет“ ја чека оценката на Кривичниот суд.Тројца судии ќе одлучуваат дали ќе се одобри или одбие обвинителниот акт со кој се опфатени поранешната обвинителка Катица Јанева, Боки 13 и Зоки кичеец.. Од Основниот суд Скопје 1, велат дека оценката ќе се прави по истек на рокот за приговор против обвинението.

Одбраната на екс шефицата на СЈО најави дека ќе поднесе приговор на обвинителниот акт.. Таквиот документ, Кривичниот суд ќе го добие на почетокот од идната недела.

„Се уште сме во фаза на припрема и приговорот ќе го поднесеме во понеделник. Жалбата за притвор е поднесена, го чекаме решението со кое повторно ќе се одлучува за гаранцијата. Во секој случај, очекуваме позитивна одлука за замена на притворот со поблага мерка“, вели за Сител, Адвокатот на Јанева, Ирена Фрчкоска.

Скопска единица засега не одлучила дали ќе ја прифати гаранцијата од три станови за укинување на притворот на поранешната специјална обвинителка.. Претходно, ваквиот предлог не го разгледа Апелациониот суд бидејќи кривичен го отфрлил како неоснован иако морал да донесе прецизна одлука –  да го усвои предлогот или одбие како неоснован.

Укинување на притворот бара и Боки 13.. Тој се жали на влошена здравствена состојба поради хирушки зафати на желудникот.Според неговата одбрана, тоа го спречило Јовановски да ја објасни својата верзија на случајот „Рекет“.