Македонија
19. January 2016 - 17:32

Одлуката за избори на 24 април е на народот

Одлуката за предвремени парламентарни избори на 24 април е по барање и во интерес на граѓаните, само со избори може да стави крај на неизвесноста која траеше предолго.

Народот бараше избори за да се стави крај на заложништвото, одлуката на Владеајчата клоалиција доаѓа токму поради ваквите барања, смета експертската јавност.

Клоалиционите партнери на ВМРО ДПМНЕ стојат зад ваквиот став.

Одлука на владејачката клоалиција беше поздравена и од меѓународниот фактор. Еврокомесарот Јоханес Хан со јасна порака до СДСМ да го почитуваат датумот кој го договорија.

И покрај неуспехот да се најде заеднички договор за датумот за избори очекувам сите политички партии да соработуваат конструктивно и да се држат до сите нивни обврски во рамки на политичкиот договор од јуни/јули 2015 вклучително и до итните реформски приоритети соопшти Хан.

Поддршка за одржување на избори на 24 парил стигна и од министрите за надворешни работи на Австрија и Унгарија.

- Ни треба целосна имплементација на политичкиот договор што беше посредуван од Јоханес Хан во минатите недели и исто така и опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот. Сите се согласивме на состанокот дека треба да ја искористиме 2016 година за да добиеме вистински прогрес на интегративниот пат кон ЕУ на Македонија.

- Сите ние, не само членките на ЕУ, туку и европските институции, мора да го почитуваме овој факт дека оваа Влада ја освои власта на парламентарни избори. Мојата последна поента е дека ситуацијата е многу чудна во Македонија, бидејќи опозициската партија не сака рани избори што е можно побрзо. Мислам дека тоа многу кажува за сегашната ситуација.

Политичката криза во Македонија трае од изборите во 2014 кои не беа признаени од СДСМ и покрај огромната разлика. Европската Унија во целиот период беше активно вклучена во разрешување на кризата, што резултираше со политичкиот договор од Пржино, во овој договор, кој беше потврден од собранието, стои дека ќе има избори на 24 април. Резултатите на неколку анкети покажаа силна подршка на граѓаните за избори со кои би завршила неизвноста.