Македонија
29. November 2017 - 11:38

Одложено судењето за убиство на малиот Алмир Алиу

 Одложено е денешното судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, по барање на една од странките вклучени во случајот, информираа од канцеларијата за односи со јавност од кумановскиот суд.

Следното рочиште, на кое ќе се изнесат завршните зборови на обвинителствито и одбраната, е закажано за 19 декември.

Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

Осомничениот, се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“ . За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“