Одложено судењето за „Меѓународен сојуз“ на Боки 13, се бара изземање на Рускоска
Не почна судењето за предметот „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Миле Јовановски, Христина Блажевска и Јасна Ерцеговиќ. Пред почеток од судењето, обвинетата Ременски побарала изземање на Обвинителот кој го застапува предметот Вилма Русковска. Ременски смета дека Обвинителот постапувал пристрасно па затоа бара од Државниот јавен обвинител да биде заменет со друг обвинител.
За Русковска ваквото барање како што рече „не држи" и додаде дека во својата кариера никогаш не била пристрасна при водењето на предметите.
Барањето за изземање на Рускоска го поддржа и обвинетиот Боки 13, кој пред судот рече дека во пресрет на парламентарните избори, таа работи за партиски цели.
Во Меѓународен сојуз, обвинетите одговараат за измама и перење пари.
Според обвинението, се товарат дека измамиле двајца бизнисмени од кои наплатиле близу еден милион евра со ветувања дека со нивните пари ќе градат центри за сместување и нега на стари лица.
Судењето за овој случај ќе продолжи на 21 јули.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер