Свет
22. September 2020 - 19:48

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври, е објавено од Брисел.

Оттаму наведуваат дека припадник на обезбедувањето на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е позитивен на коронавирус.

„Бидејќи службеникот од обезбедувањето бил во постојан контакт со претседателот, Шарл Мишел е во карантин“, објави портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс, на „Твитер“.

Лејтс додал дека Шарл Мишел редовно се тестира и дека вчерашното тестирање покажало дека е негативен на Ковид-19.