Балкан
31. January 2021 - 14:46

Одложен пописот во Хрватска поради коронавирусот

Одложен пописот во Хрватска поради коронавирусот.

- Пописот нема да започне на 1 април, туку ќе се одложи, потврди координаторот за попис во Централното биро за статистика Дамир Плесац за Н1.

Причината за одложувањето на пописот како што кажа Плесац е коронавирусот.

Плесац објасни дека Институтот сè уште не знае колку долго ќе се одложи пописот затоа што тоа ќе зависи од епидемиолошките мерки и одлуките на Владата и Парламентот, кои мора да го сменат Законот за попис.