Кошарка
8. November 2017 - 10:41

Одиграни десет натпревари во НБА лигата

Ноќеска на терените на НБА лигата беа одиграни 10 натпревари, а на шест победија домашните екипи. Кливленд го совлада Милвоки, а главен играч во триумфот беше Кевин Лав со 32 поена и 16 скокови. Кај Њу Орлаенас одличен натпревар одигра тандемот Дејвис - Казнс. Дејвис имаше 37 поени и 14 скокови, додека Казнс заврши со 32 поена и 13 скокови.
Сан Антонио со 15 погодени тројки од 28 обиди го совлада тимот на ЛА Лејкерс, додека Њујорк имаше серија од 18:4 во финишот за нова победа.
Сепак јунак на вечерта е Никола Јокиќ, кој постигна рекордни во кариерата 41 поен со 12 скока во триумфот на Денвер.
Дарио Шариќ имаше 25 поени и 10 скокови во гостинската победа на Филаделфија над Јута
 
Резултати: 
Кливленд - Милвоки 124:119,
Индијана - Њу Орлеанс 112:117, 
Вашингтон - Далас 99:113, 
Њујорк - Шарлот 118:113,
Торонто - Чикаго 119:114,
Сан Антонио - ЛА Клиперс 120:107,
Денвер - Бруклин 112:104,
Јута - Филаделфија 97:104,
Портланд - Мемфис 97:98,
Сакраменто - Оклахома Сити 94:86.