Loading Video...
Спорт плус
7. December 2020 - 15:47

Одермат им ја донесе првата победа на Швајцарците во велеслалом по пауза од 10 години

Швајцарецот, Марко Одермат победи на велеслаломската трка ос Светскиот куп што се одржа во италијанскиот ски-центар во Санта Катерина. 
 
До својата втора победа во кариерата Одермат стигна за 73.стотинки побрзо од  Американецот, Томи Форд,  додека на 3.место се пласира Хрватот,  Филип Зубчиќ кој заостана  1 секунда и 25 стотинки зад победникот. 
 
 
Со оваа победа Швајцарецот се проби на првото место во Севкупниот генерален поредок со ист број бодови (240) како и Французинот, Алекс Пинтуро, додека трето рангираниот Зубчиќ има 208 бода.