Loading Video...
Спорт плус
28. March 2021 - 17:38

Одбојкарките на ЈВ Кисела Вода се победнички во Купот на Македонија

Одбојкарките на јанта Волеј Кисела Вода го освоија Купот на Македонија. 
 
Во финалето во женска конкуренција одиграно попладнево во салата „Парк“ во Струмица екипата на Јанта Волеј Кисела Вода го совладаа скопскиот ривал Вардар со 3:1 во сетови. Триумфот го најавија во првиот сет кој гфо добија со 25-18, а во вториот им препуштија 23 поени на противничките. 
 
Вардарки ја вратија неизвесност освојувајќи го третиот серт со 25-23, а по голема борба во четвртиот одбојкарките на Јанта Волеј го добија на разлика со 26-24 за конечни 3:1 во сетови. 
 
За трофејот во машка конкуренција ќе се борат екипите на Џио Струмица и Универзитет во Тетово