Loading Video...
Спорт плус
4. September 2019 - 18:16

Одбојкарите ветуваат голема борба и добри вести од нивното дебито на Европскиот шампионат

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, денеска ја имаше последната средба со јавноста пред нивното заминување за Словенија каде ќе го имаат своето деби на завршницата на Европското првенство
 
Црвено-жолтите ветуваа добар настап, и голема борба во која ќе се обидат да остварат и некоја победа. 
 
„Имаме голема шанса за оваа генерација, во пет години петпати сме на Ф4 во Европската лига. Шансите ќе ги бараме против Финска, Белорусија и Турција. 
Имаме одлична генерација и добра клупа и ветувам дека од Словенија ќе може да очекувате многу добри вести“, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
 
Пред патувањето за Љубљана, нашите одбојкари ќе заминат за Сент Полтен каде ќе ги одиграат последните два контролни меча против Австрија. 
 
На шампионатот кој започнува на 12 септември, Македонија ќе игра во Ц групата, во Љубљана, а редоследно за противници ќе ги има селекциите на:  Финска, Турција, Русија, Белорусија и Словенија.