-->
-->
Одбојкарите посакуваат настап на „фајнл фор“ во Европската лига
-->
Одбојкарската репрезентација на Македонија оваа сезона во видно изменет состав со шест откази го очекува 13.то издание на Европската лига. Селекторот Жарко Ристоски сепак се надева дека со избраните играчи ќе успее да стигне до повторување на резултатите од претходните две години кога Македонија заврши најпрвин како трета и лани на второто место.
- Првиот дел од подготовките во Маврово го завршивме со 14 одбојкари, а сега работиме на тактичкиот дел и тренираме во салата Градски парк. Во репрезентацијата се приклучени и неколку помлади играчи. Во нашата група ривали ни се селекциите на Данска, Бугарија и на Албанија. Данска е селекција ни задавала многу проблеми , додека Бугарија сама по себе е голема репрезентација, а воедно и учесник на завршниот турнир како домаќин. Проблем ќе биде што немаме контролен натпревар, но мислам дека сме доволно квалитетни. Наша шанса за пласман на завршниот турнир е тоа што вториот турнир од групата се игра во Скопје.
Капитенот Никола Ѓорѓиев на денешниот прес истакна:
- Ова ќе биде физички силно натпреварување. Во период од 8-9 дена ќе треба да одиграме 6 натпревари (по три на двата турнир), а до Варна ќе патуваме со автобус што е дополнително оптеретување. Ние сме јаки и ќе се бориме за „Ф4“ турнирот. За отсуствата тешко дека ќе можат да се надополнат сепак ние не сме селекција од калиброт на Србија или Бразил.
Првиот од двата турнира ќе се игра во Варна (домаќин Бугарија) од 10.јуни до 12.јуни, а вториот од 16 до 18.јуни се игра во Скопје (СЦ Борис Трајковски).
Во делот од подготовките нашите одбојкари ќе ги користат и услугите на фитнес центарот Synergy Fitness & Spa.
По завршувањето на натпреварите од Европската лига нашата одбојкарска селекција ја очекуваат и кавлификациите за Европското првенство во Полска 2017 година. Македонија е во група со Чешка, Романија (домаќини на турнирите) и со селекцијата на Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители