Македонија
21. May 2022 - 8:30

Одбележување на Светскиот ден на семејните лекари

 Во Градскиот парк  денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на семејните лекари – 19 Мај. Мотото на годнашното одбележување е „Семејните лекари се секогаш тука за вас“.

По овој повод, специјалисти по семејна медицина од 11 до 14 часот кај фонтаната „Лотосов цвет“ ќе им одредуваат Индекс на телесна маса (Body mass index-BMI) на заинтересирани случајни минувачи.

-Целта на настанот е да се посвети внимание на популацијата за обезноста и да се дадат совети и препораки од страна на специјалистите по семејна медицина, соопштија организаторите, кои во оваа активност  имаат поддршка од фармацевската куќа „Ново Нордиск“.