Одбележување на Неделата на грижа за стари лица
Црвен крст на град Скопје од 14 до 20 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Како што информираат од Црвен крст на град Скопје, во рамки на Неделата на грижа за стари лица, ќе се организираат повеќе активности и тоа: предавање во Здружение на пензионери Карпош, информативни точки на локациите Зелен пазар, пазар Буњаковец и ТЦ Бисер (пунктови за мерење притисок, ниво на шеќер во крв и сатурација), посета на домовите за стари лица „Мајка Тереза“ и „Идила“, прошетка и заедничко дружење во Стара скопска чаршија со корисници од домашни услови, фризерски и козметички услуги во дневените центри за стари лица во ДХО Даре Џамбаз и Сарај во соработка со средното училиште „Димитар Влахов”, посета на Македонски народен театар, предвање и посета на планетариум, собирна акција на зимница и централен настан во ТЦ Веро Џамбо (19.11 сабота, 10:00-14:00) преку организација на хуманитарен базар и промоција на актуелните активности во дневните центри како што се практично вежбање на Чиконг вежби, штандови за креативна и сликарска работилница.
Овој сервис е поддржан од страна на Градот Скопје, Албиз Фондацијата и Швајцарски Црвен крст.
Како што посочуваат оттаму, целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 180 стари лица во домашни услови и повеќе од 1500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.
Ново на Сител
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица