Македонија
24. April 2017 - 9:14

Одбележување на Јом Ашоа - Денот на Холокаустот

Со палење на шест меморијални свеќи и отворање на изложба денеска во Меморијалниот ценатр на Холокаустот на Евреите од Македонија ќе биде одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на Холокаустот.

Комеморацијата ја организираат Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија.