Македонија
4. March 2017 - 17:14

Одбележана годишнината од смртта на капетан Кирчо Димитриев

Со пригодна свеченост и полагање цвеќе на спомен бистата пред општина Виница денеска беше одбележана 16 -годишнината од хероското загинување на капетан Кирчо Димитриев, кој на денешен ден во 2001 година го загуби животот во борбите кај Танушевци.

Пред присутните свое обраќање имаа градоначалникот Емил Дончев и претседателот на резервните воени старешини од Виница Гоце Георгиевски, кои уште еднаш потсетија на ликот и делото на капетан Кирчо Димитриев.

Општина Виница, родното место на Димитриев, на достоен начин го слави името и делото на на капетан Кирчо Димитриев, чие име го носи спортската сала во Виница