Од Велика Британија во Албанија трансферирана нова група осуденици за тешки кривични дела
Врз основа на договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници, со посебен авионски лет од Велика Британија, во Тирана синоќа трансферирана е третата група албански државјани, осудени за тешки кривични дела, јави дописничката на МИА од Тирана. Станува збор за 23 лица осудени главно за шверц со дрога, со вкупна затворска казна од 55 години.
– Меѓу депортираните е и едно лице осудено на пет и пол години затвор за шверц на дрога од класа А. Друг исто така е осуден на три години и четири месеци затвор за производство на дрога од класа Б, наведуваат медиумите. Пренесуваат и изјава на Прити Пател од британското МВР во која се наведува дека „тие криминалци се одговорни за ужасни злосторства со дрога кои уништуваат животи, семејства и заедници”.
Досега во Албанија се трансферирани 236 албански државјани, осудени за разни кривични дела во Обединетото Кралство.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје