Балкан
23. May 2020 - 14:39

Од утре во Албанија се отвораат верските објекти

Од утре во Албанија се отвораат сите џамии и цркви и ќе продолжат со нивните верски активности.

Веста преку објава на Фејсбук ја соопшти премиерот Еди Рама, кој напиша „со среќна нога на овој убав ден од верскиот календар“.

Во неделава што изминува во соработка со верските заедници подготвивме протоколи за здравствена безбедност. Откако ги добивме нивните предлози, ги оценивме и ги одобривме и одлучиме да ја отвориме активноста на храмовите со сите релевантни ограничувања, започнувајќи од утре. Со среќна нога и благословот на светлината на утрешниот прекрасен ден од верскиот календарот, напиша Рама.

Честитајќи им го на муслиманските верници утрешниот голем празник Рамазан (Фитер) Бајрам, премиерот Рама, исто така, посака отворањето на џамиите (под голема грижа на духовните водачи на заедницата за почитување на протоколот предложен од самите нив) да биде „добар знак за мир и благосостојба за сите заедници и самата Албанија и Албанците во ова тешко време“.