Македонија
21. March 2020 - 12:54

Од утре наоблачување, со дожд и снег на повисоките места

Утре ќе настапи наблачување, а во попладневниот период ќе започнат врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Од север ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и наповисоки теместа, каде ќе се формира снежна покривка.

Засилување на ветерот ќе има и преку ноќта и во понеделник, кога температурата ќе биде значително пониска. Во понеделник и вторник врнежите ќе бидат од снег и на некои пониски места особено во северните делови.