Македонија
3. July 2016 - 12:41

Од стан во Скопје украден накит во вредност од 300.000 денари

Златен накит во вредност од околу 300.000 денари денеска е украден од стан во Скопје. 

Како што информира МВР, крадецот се прекачил на балконската ограда и влегол низ прозорецот во станот, лоциран на улицата „Воденска“ во Скопје. Сопственик на станот е Д.Ц.(67).